Бостон без поголеми проблеми го победи Детроит во натпревар од НБА на кој беше голем фаворит и на кој клупата предводена од Пејтон Причард испорача доволно поени за да не се почувствува отсуството на Тејтум.
Причард со 27 поени бил најдобар реализатор на натпреварот и уште еднаш сериозно ја истакна кандидатурата за најдобар шести играч сезонава, а го следеше Вајт со 23 поени.
Неизвесен дуел одиграа Њу Орлеанс и Сакраменто, а гостите ја продолжија победничката серија најмногу благодарение на Домантас Сабонис, кој го заврши натпреварот со 32 поени и 20 скокови.
ДеРоузен со 29 поени исто така имал одлична вечер во дресот на „кралевите“, додека кај домаќинот се истакна МекКалум со 36 поени.
Мајами имаше минус 16 во вториот период од дуелот со Торонто, но успеа да се врати во натпреварот и да врзе четврта победа по ред во НБА лигата.
Хиро со 23 и Адебајо со 21 поен биле најзаслужни за триумфот на домаќините, додека кај Торонто се истакнал Дик со 22 поени.