Барселона оствари супер значајна победа на гостувањето во Дортмунд кај Борусија, славје од 3-2 со кое направи огромен исчекор кон топ осум фазата во Лигата на шампионите, позиции кои носат директен пласман во осминафиналната рунда.
Каталонците трипати водеа на „Сигнал Идуна Парк“ со тоа што вториот погодок на Феран Торес се покажа како доволен за освојување на трите бода.
Меѓутоа со еден друг играч на Барса е поврзан неверојатен податок, а тоа е Рафиња. Бразилецот вчера со одмерен удар го најави триумфот на лидерот во Премиера, ама и ја продолжи неверојатната серија.
Имено сите негови удари во рамките на голот во актуелнава кампања завршиле со матирање на противникот, поточно во неговата мрежа. Ова значи дека ако напаѓачот шутне во целта тогаш сигурно реализира што е навистина за почит. Севкупно пак има упатено 22 удари, а неговите бројки во тековната кампања во сите натпреварувања се 17 гола и 8 асистенции (23 мечеви).