Кој е новиот привремен премиер на Сирија? Мохамед ал Башир е познат, не е прв пат да ја држи власта во свои раце!

Точка

10/12/2024

21:30

2.707

Големина на фонт

а а а

По почетокот на сирискиот бунт против сирискиот претседател Башар ал Асад во 2021 година, Ал Башир ја напуштил работата во државните институции и се приклучил кон „бунтовничките редови“.

Новиот привремен премиер на Сирија и клучен функционер на администрацијата предводена од исламистичката група Хајат Тарир ал-Шам (ХТС), Мохамед ал-Башир, е инженер и политичар, роден во 1986 година во регионот Џабал Завија во Идлиб.

Според биографијата што ја објави Владата за национален спас, тој има неколку квалификации од областа на инженерството, правото и административното планирање, пишува „The New Arab“.


Дипломирал електротехника и електроника, специјализирал комуникации на Универзитетот во Алепо во 2007 година, а во 2010 година го завршил курсот по англиски јазик. Пред три години, тој се здоби со диплома по шеријатско право и право на Универзитетот во Идлиб, а истата година заврши обука за административно планирање и управување со проекти на Сириската меѓународна академија за обука, јазици и консултации.

Работел и како инженер, надгледувајќи ја изградбата на бензинска пумпа.


По почетокот на сирискиот бунт против сирискиот претседател Башар ал Асад во 2021 година, Ал Башир ја напуштил работата во државните институции и се приклучил на „бунтовничките редови“.

Ал Башир претходно ја предводеше Владата за национален спас, која беше поврзана со ХТС и управуваше со делови од северозападна Сирија и Идлиб.


Помеѓу 2022 и 2023 година, Ал Башир служеше како министер за развој и хуманитарни прашања во владата на неговиот претходник, Али Кеда.

Во јануари 2024 година, Советот на Владата на националниот спас го избра за премиер.

За време на неговиот мандат беа намалени даноците на недвижности, ублажени се правилата за урбанистичко планирање и започнати се консултации за проширување на урбанистичкиот план на градот Идлиб.


Кон крајот на ноември, кога ХТС и другите сириски бунтовнички групи започнаа офанзива во северозападна Сирија и го зазедоа Алепо, Ал-Башир на прес-конференција рече дека офанзивата е одговор на „нападите на сирискиот режим врз цивилите“, кои, според него, предизвикале раселување на „десетици илјади луѓе“.

Во понеделникот, по падот на Асад, Ал Башир доби задача да формира преодна влада.