Наставничката Натали Аројо (33) од Велика Британија, која е и мајка на едно дете, заврши на суд во Кардиф поради сексуално насилство врз момче.
Според судскиот извештај, обвинетата работела како наставничка и најпрво на тинејџерот му испратила „невина порака, но потоа се послужила со измама и лукавство за да манипулира со момчето“.
„Се обложувам дека сите момчиња ме сакаат. Не ги обвинувам – имам навистина големи гради“, наводно му напишала на момчето. Потоа, таа му испратила фотографии од нејзините гради и го замолила да ѝ испрати фотографија од неговите интимни делови како и да се сретне со неа за секс, пренесува „The Telegraph“.
Според извештајот, момчето дури ѝ побарало од Аројо да престане да му испраќа слики кога одел во шопинг со мајка му и тетка му.
🔴 Female supply teacher sent naked photos to student, 15, saying: ‘I bet all the boys fancy me’https://t.co/ZxwALYTi7c
— The Telegraph (@Telegraph) December 5, 2024
Меѓутоа, таа му одговорила: „Толку е забавно да те задевам“.
Обвинителот Ендрју Кендал пред судот изјави дека обвинетата продолжила да му испраќа пораки на момчето со слики од нејзините гради и гениталии. Дури и кога момчето ѝ кажало дека не е заинтересиран за физичка врска со неа, таа продолжила да споделува експлицитни пораки со него, вклучително и едно видео на кое таа врши сексуален чин.
Меѓутоа подоцна Аројо му кажала на момчето дека „најдобро да заборави на пораките“. Но, момчето кажало сè на една личност така што наставничката била приведена.
Аројо на почетокот негираше дека разговарала со жртвата, но подоцна го призна злосторството и додаде дека таа мислела оти тој има 16 години. Се изјасни за виновна по две точки од обвинението: охрабрување на дете на сексуална активност, како и сексуална комуникација со дете.
„Страдав од анксиозност и имав нервен слом. Престанав да излегувам со пријателите и бев вознемирен поради ситуацијата затоа што станав познат како момче на кое му се случи ова“, рече момчето во изјавата, додавајќи дека чувствува дека и тој е виновен и дека немал кому да му се довери.
„Јас ѝ верував … Се чувствувам изневерено и искористено. Не знаев како да го запрам тоа“, додаде момчето.
Аројо е осудена на три години и четири месеци затвор и доби забрана за пристап до малолетници на неопределено време, и впишана е во регистарот на сексуални престапници.