Американскиот федерален суд денеска ја потврди уставноста на законот што може да доведе до забрана на популарната платформа за социјални медиуми Тик Ток во рок од неколку месеци.
Таа одлука го отфрли ставот на кинеската компанија дека забраната не е во согласност со Првиот амандман на Уставот на САД, пренесе АП.
Апелациониот суд на округот Колумбија донесе одлука за валидноста на законот со кој се бара ТикТок да ги прекине врските со матичната компанија ByteDance во Кина или да биде забранет почнувајќи од 19 јануари.