[ВИДЕО] Аларм за родителите: Единаесет деца се примени во болница во Скопје по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Нетпрес

06/12/2024

12:27

6.107

Големина на фонт

а а а

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете, потврди за МИА в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Како што посочи тој, децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.

- Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е и да има повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда, вели Настов за МИА.


На прашањето за каков предизвик станува збор, тој објасни дека играта е со испружање на рацете и скокање, во вид на „супермен“, и потоа паѓање на децата.

- Се испружаат рацете како ликот „супермен“. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е од она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски, деца, додаде Настов.


Тој апелира да не се прават во иднина ваквите работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.

- За среќа, од овие 11 деца, двајца се само со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди, додаде Настов.