[ВИДЕО] Реновирале куќа стара 124 години, па пронашле мистериозна фотографија зад каминот: Сега сите поставуваат едно прашање

Точка

06/12/2024

12:51

5.135

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Тикток се заинтересираа за приказната на Џена Хал, која решила да ја реновира куќата во која живее со својот партнер, а потоа доживеала големо изненадување.

Семејната куќа е стара 124 години, што особено придонесува за мистеријата, а жената во видеото што го сподели на ТикТок открила дека при отстранување на каминот пронашла скриена фотографија, пренесува „Њузвик“.

„Одлучивме каминот, веројатно стар повеќе од 100 години, да го преместиме во друга просторија. Затоа го расклопивме“, објаснила таа.

При расчистувањето тие забележале црно-бела фотографија на задната страна од каминот, која била покриена со дебел слој прашина. Кога го исчистиле и го изложиле на дневна светлина, сфатиле дека се работи за семеен портрет, на кој се прикажани две деца.


„Што да правиме со фотографијата сега? Најверојатно припаѓа на семејство кое живеело овде во 1900-тите“, рекла Џена.

Корисниците на ТикТок беа воодушевени од откритието, а сите го поставија истото прашање – кои се децата на фотографијата?

„Ова е одлично! Најдовте скриен дел од историјата. Јас би ја зголемил фотографијата и би ја врамил“, предложил еден корисник во коментарите.

Џена, за жал, нема одговор на прашањето на кого му припаѓа црно-белата фотографија, но се надева дека еден ден ќе дознае за кого се работи.

„Навистина ме интересира каков живот имале тие деца“, бил еден од коментарите.