[ВИДЕО] Незадоволни граѓани го окупираа хотелот во Њујорк каде престојува Галант, нарекувајќи го воен злосторник

Макфакс

06/12/2024

09:25

755

Големина на фонт

а а а

Поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант моментално е во Њујорк, а се очекува негова средба со претставници од Белата куќа во Вашингтон.

Незадоволните граѓани се собраа пред хотелот во кој тој престојуваше, држејќи табли на кои Галант е означен како воен злосторник.

Носејќи транспаренти извикуваа: „Срамота“ и рекоа дека не е добредојден.

Галант вчера посети синагога каде што разговараше со поддржувачите за воените кампањи на Израел во Газа и Либан.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Галант и Бенјамин Нетанјаху за воени злосторства во рамките на војната на Израел од октомври 2023 година во Газа.

Белата куќа, сепак, рече дека „фундаментално ја отфрла“ валидноста на налогот и дека Галант нема да се соочи со апсење во САД.