[ФОТО] Го исмеваат Трамп поради лажните книги во луксузниот авион: „Катар таму сокрил микрофони затоа што знаат дека идиотот не чита“

Точка

04/07/2026

15:25

409

Големина на фонт

а а а

Луксузниот авион на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој тој во неколку наврати се пофали, стана предмет на потсмев поради неговата внатрешност и деталите што беа откриени.

Портпаролката на Белата куќа сподели фотографии од внатрешноста на новиот авион „Air Force One“, а во позадина може да се забележи полица со книги.

Меѓутоа, ако се обрне внимание, се гледа дека книгите носат наслови како „Уметност“, „Накит“ и „Библиотека“, што укажува дека воопшто не станува збор за вистински книжевни дела.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат коментари како: „Дали на овие книги само пишува ‘Библиотека?“, „Немојте да се преправате дека немате три примероци од ‘Библиотека“, „Катар веројатно таму сокрил микрофони затоа што знаат дека тој неук идиот не чита“, „Да бидам искрен, вистинските книги би му биле исто толку бескорисни на Трамп колку и на вашето куче“, само се дел од коментарите.

Според зборовите на Трамп, пренамената на авионот „чинела многу малку“.

Осумдесетгодишникот го изјави тоа на пистата пред првиот лет. Меѓутоа, американската телевизиска мрежа „CNN“ известува дека трошоците за пренамената изнесувале повеќе од 400 милиони долари.

Новиот авион, „Boeing 747-8“, е наменет да го замени застарениот „Boeing 747-200“, кој служеше како „Air Force One“ околу 35 години. Катарскиот авион ќе се користи сè додека не бидат испорачани двата новонарачани авиони на „Boeing“. Нарачката за новите авиони неодамна беше одложена. Се очекува новите авиони да пристигнат за околу две години, а дотогаш ќе биде завршено и реновирањето. Во тој период ќе заврши и вториот мандат на Трамп.

Американскиот претседател сака да го задржи луксузниот авион и откако ќе ја напушти Белата куќа. Според извештаите, луксузниот авион ќе биде сместен во претседателската библиотека на Трамп, за да може тој и понатаму да го користи леталото.