Синоќешната ждрепка за Светското клупско фудбалско првенство без сомнение ја одбележа Адријана Лима, која ја имаше улогата на водителка, а вниманието го привлече во белиот комплет.
Заедно со фудбалските легенди, Лима беше една од оние кои имаа можност да ги извлекуваат имињата на клубовите кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство.
Манекенката ги извлекуваше топчиња за четвртиот шешир, а привлече особено внимание со начинот на кој ги презентираше. Корисниците на социјалните мрежи коментираа дека нејзиното присуство на ждрепката било најдоброто нешто кое се случило кога е во прашање синоќешната манифестација која се одржа во Мајами.
Лима за оваа пригода се појави во бел костум, а одоздола носеше бела маичка, додека косата ѝ беше собрана во пунџа.
Во текот на последните години Лима беше на удар на критиките поради „вишокот килограми“ кои ги доби за време на последната бременост, а со нејзините најнови изданија покажа дека повторно ја довела својата линија до совршенство.
Потсетуваме, Лима, која важи за една од најубавите жени во светот, прогласена е за прв ФИФА глобален амбасадор на навивачите.
Улогата на Лима вклучува развој, промовирање и учество во неколку глобални иницијативи кои ги вклучуваат навивачите од целиот свет, а таа, исто така, ја додели наградата „FIFA Fan Award“ на доделувањето на ФИФА фудбалските награди во Париз минатата година.