САД, Јапонија и Филипините спроведуваат вежби во Јужното Кинеско Море

Макфакс

06/12/2024

08:36

707

Големина на фонт

а а а

Вооружените сили од Филипините, Соединетите Американски Држави и Јапонија денеска спроведоа „активност за поморска соработка“ во ексклузивната економска зона на Манила во Јужното Кинеско Море, соопшти американската Индо-пацифичка команда.

Целта на вежбите е да се зајакнат заедничките карактеристики на одбранбените тактики, техники и процедури, се наведува во соопштението на американската Индо-пацифичка команда.

Активноста дојде два дена по најновиот поморски судир меѓу Филипините и Кина околу спорниот гребен на Јужното Кинеско Море Скарборо Шол.