[ВИДЕО] Нема извештаи за големи штети во Сан Франциско и Еурека по земјотресот: „Потресот беше долг, но не толку жесток“

Макфакс

06/12/2024

08:22

1.429

Големина на фонт

а а а

Според капетанот Џастин Шор од противпожарната служба во Сан Франциско, нема извештаи за големи штети во градот по силниот земјотрес во Северна Калифорнија. Земјотресот, кој според Геолошкиот институт на САД бил со прелиминарна магнитуда од 7 степени, се случил на околу 480 километри од Сан Франциско, во близина на градот Еурека.

Градоначалникот на Еурека, Мајлс Слатери, извести дека нема значителна штета во градот и покрај силниот земјотрес. Нема извештаи за пукнатини на гасовод и големи оштетувања на згради. Слатери истакна дека земјотресот бил долг, но не толку силен како претходните, особено оние со епицентар на копно.

Неколку минути по земјотресот, беше издадено предупредување за цунами за делови од бреговите на Калифорнија и Орегон, вклучувајќи го и градот Еурека, но тоа предупредување подоцна беше откажано.

Слатери додаде дека дел од градот е евакуиран, па немале време да направат детална проценка на штетите, но врз основа на досегашните извештаи, штетите не се споредливи со оние предизвикани од земјотресот во декември 2022 година, кога со јачина од 6,4 степени земјотресот предизвика смрт на најмалку две лица и значителна штета на инфраструктурата.