Њујоршката полиција објави нови снимки на осомничениот, без маска, кој го бара во врска со убиството на Брајан Томпсон на 4 декември, извршен директор на најголемиот американски здравствен осигурител "UnitedHealthcare".
На една од фотографиите, осомничениот е снимен во хостел на Апер Вест Сајд во Њујорк.
Полицијата претходно го пребарала хостелот бидејќи се сомнева дека осомничениот престојувал таму.
За време на истрагата за убиство и масовната потера, полицијата откри неколку употребливи слики на осомничениот без маска, иако тој носел маска поголемиот дел од времето додека престојувал во хостелот на улицата 103 и Амстердамската авенија.
Според полицијата, осомничениот престојувал во соба со уште двајца мажи.
Полицијата ја продолжува истрагата и верува дека убиството било планирано и целно.
"UnitedHealthcare" е огранок на осигурителниот гигант "UnitedHealthcare Group".
Компанијата требаше да го одржи својот годишен состанок со инвеститорите во Њујорк за да го ажурира Вол Стрит за насоката и очекувањата на компанијата за следната година, се вели во соопштението на компанијата.
Утрото на 4 декември, на присутните им беше кажано дека конференцијата завршува рано.
Томпсон е извршен директор на "UnitedHealthcare" повеќе од три години, а во компанијата е од 2004 година.