Путин: Никој не може да го забрани Биткоинот, развојот на нови технологии е неизбежен процес

Точка

05/12/2024

16:18

3.731

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во својот говор на форумот „Русија повикува“ во Москва изјави дека биткоинот и другите дигитални валути ќе продолжат да се развиваат независно од доларот, како и дека развојот на нови технологии е неизбежен процес.

„На пример, Биткоин – кој може да го забрани? Никој. А кој може да забрани користење на други електронски средства за плаќање? Никој, бидејќи тоа се нови технологии, овие алатки ќе се развиваат на еден или друг начин, бидејќи сите ќе се обидат да ги намалат трошоците и да ја зголемат доверливоста“, рече претседателот на Руската Федерација.


На 1. ноември во Русија стапи на сила законот за легализација на ископувањето криптовалути, а на 29. ноември Путин потпиша закон со кој дигиталната валута се признава како сопственост, пренесува Комерсант.


Во ноември, во Русија е забележано зголемување на интересот за опрема за ископување криптовалути, што, според експертите, е последица на силниот раст на цената на биткоинот, особено откако Доналд Трамп беше избран за претседател на Соединетите Американски Држави, пренесува "Танјуг".