Филмот „Носферату“ беше премиерно прикажан во Лондон, а британската актерка Ема Корин го привлече вниманието со нејзиното смело издание.
Таа носеше проѕирен фустан која ги откриваше нејзините гради, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка и накит.
На црвениот килим таа позираше со остатокот од актерската екипа – Лили-Роуз Деп, Вилем Дефо, Сајмон Мекбурни, Ралф Инес и режисерот Роберт Егерс.
Дејството на филмот е сместено во измислениот град Висборг во 1838 година. Заплетот го вклучува агентот за недвижнини Томас Хатер (Николас Хулт) кој го добива грофот Орлок за свој клиент.
Грофот Орлок (Бил Скарсгард) бара нов дом во градот за себе и неговата сопруга Елен (Лили-Роуз Деп), но подоцна се открива дека тој е вампир кој цица крв. За разлика од оригиналот, во режија на Ф.В. Мурнау, Елен сега е во центарот на приказната и повеќе не е само жртва, а Ема ја глуми Ана Хардинг.
Филмот „Носферату“ веќе ја освои наградата за најдобра музика на „Hollywood Music In Media Awards“ и освои шест номинации за наградата „Astra“.