[ВИДЕО] Познатата пејачка за естетските зафати вели: „Претерав со ботокс, лицето ме боли“

Точка

02/12/2024

14:23

2.106

Големина на фонт

а а а

Пејачката Меган Треинор (30) откри дека повеќе не може да се насмее откако претерала со ботоксот. „Ставив премногу ботокс и сега ми е потребна помош“, призна пејачката во неодамнешната епизода на нејзиниот поткаст „Workin‘ on It“, во која ѝ се придружија братот Рајан Треинор и сопругот Дерил Сабара.

Посакувала пополни усни

„Ја зезнав работата. Неколку пати ставив ботокс, само на челото“, објасни Меган, додавајќи дека одлучила да го испроба третманот и на друг дел од лицето. Притоа Меган призна дека некој ја наговорил на т.н. „lip flip“ за горната усна да ѝ изгледа пополно. „Некој ме убеди, дека со моите тенки усни, ќе можам да имам убава пополна горна усна, за прв пат во моите 30 години живот. Тоа не беше вистина“, рече таа.

„Дополнително, повеќе не можам да се насмеам. Погледнете, ова е најмногу што можам да се насмеам. Каде и да одам, не можам да се насмевнам, ме боли лицето кога се обидувам да го направам тоа“, додаде Меган.


Планира да ги зголеми градите

Пејачката исто така откри дека планира да ги зголеми градите по доењето на едногодишниот син Бари. „Моите гради беа полни со млеко, па се испразнија, па повторно се наполнија со млеко, па повторно се испразнија. Станаа големи, па мали, големи, па мали“, раскажа Меган. „Ослабев и сега имам опуштена кожа наместо гради“, додаде пејачката.


Инаку Меган и нејзиниот сопруг се венчаа во 2018 година и го добија синот Бари во 2023 година, а имаат и уште еден син Рајли, кој го добија во 2021 година.