[ФОТО] Најмалиот национален парк на светот: Островче кое „никогаш не требало да припадне на луѓето“

Точка

30/11/2024

19:16

10.461

Големина на фонт

а а а

За да не дојде до забуни, луѓето се добредојдени на Мојен, но само оние кои разбираат дека желките и природата се поважни од нив. Барем така сакаше сопственикот на најмалиот национален парк во светот…

Што би направиле кога би имале свој остров? Брендон Гримшо ја претвори имагинацијата во реалност и го направи најмалиот национален парк во светот, кој како што велел тој, „никогаш не требало да им припаѓа на луѓето“.

Во прекрасниот резерват на флора и фауна вниманието го привлекуваат околу стотина желки, за кои се грижи единствениот жител на островот, кој воедно и ги чува. Гримшо, кој почина во 2012 година, го купил островот за 8.000 фунти во раните 1960-ти. Авантуристот кој секое слободно време го поминувал шетајќи во природа бил исклучитено воодушевен од Сејшелите, а кога го видел Мојен решил да го припитоми овој див остров.


Во времето кога го купил, островот бил обраснат со дрвја и грмушки и речиси непрооден. Пристигнувањето до плажата било вистински предизвик, а кокосовите ореви што паѓале од дрвјата не стигнувале до земјата, туку останувале на некои гранки. Со помош на својот партнер Рене Антоан Лафортун, Гримшо решил да го претвори дивиот остров во прекрасен резерват, но не му било лесно. Бурите и ајкулите биле дел од многуте неволји со кои морал да се справи.


Денес, малата површина од приближно 0,09 квадратни километри е дом на 16.000 различни растенија и дрвја кои Гримшо неуморно ги садел за да привлече птици од соседните острови. Желките денес имаат право на првенство на минување на пробиените островски патишта, а посетителите неуморно го истражуваат необичниот национален парк покрај патеките. Натписите предупредуваат дека желките се веројатно постари од минувачите, за да го зачуваат нивниот број на островот што подолго.


Фактот што успеал да го припитоми и оживее островот претставувало големо задоволство за Гримшо. Неговите напори вродиле со плод и островот бил прогласен за национален парк. На Гримшо му биле понудени десетици милиони долари, но не сакал да го продаде островот. Тој тврдоглаво ги одбивал купувачите, убеден дека секој од нив ќе го уништи неговиот рај за желките и ќе го претвори во уште едно големо хотелско одморалиште. Покрај тоа што е најмалиот национален парк, Мојен има повеќе растителни и животински видови на квадратен метар од кој било друг национален парк во светот.


Денес, по прошетката низ островот или нуркање, туристите можат и да јадат нешто во локален ресторан. Оние кои бараат остров направен за луѓе, а не на природа, често се разочаруваат, па на социјалните мрежи пишуваат негативни критики…