Нутриционистка вели: Ова се трите намирници кои никако не треба да се подгреваат

Точка

29/11/2024

15:39

4.505

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе сакаат да уживаат во остатоците од храната, но според експертите за исхрана, постојат неколку намирници кои треба да се јадат само еднаш и никогаш не треба повторно да се подгреваат. Причина за тоа се – потенцијално опасните бактерии и хемиски промени кои можат да доведат до сериозни здравствени проблеми.

Нутриционистката Харини Бала, која споделува совети за здравјето и исхраната на Тикток, објасни две главни причини зошто е подобро да се избегнува повторно загревање на одредени видови храна.


„Прво, загревањето на храната може да предизвика промени во хемиските соединенија, кои можат да ослободат токсични материи поврзани со проблеми како што се оштетувања на бубрезите. Од друга страна, кога храната се лади пред повторно загревање, може да го поттикне растот на тврдокорните бактерии како ешерихија коли и листерија, кои можат да предизвика сериозни болести“, вели Бала на Тикток и притоа потенцираше кои три намирници никако не треба повторно да се подгреваат.

Спанаќ

Спанаќот е на врвот на листата на намирници кои никогаш не треба да се подгреваат. Бала објаснува дека спанаќот содржи оксална киселина, која е безопасна во сирова состојба. Меѓутоа, кога спанаќот се загрева, оксалната киселина се кристализира, и може да стане токсична. Во големи количини, оваа супстанција може да го зголеми ризикот од формирање на камења во бубрезите.


Освен тоа, спанаќот содржи нитрати кои кога ќе се загреат се претвораат во нитрити. Овие хемикалии се поврзани со зголемен ризик од развој на тумори во цревата. Исто така, спанаќот може да биде идеално место за развој на бактеријата листерија, која предизвикува труење со храна. Листеријата може да предизвика симптоми како треска, главоболка, вкочанет врат и конфузија.

Чај

Повторно подгревање на чајот исто така носи ризици. Како што тврди нутриционистката, подгревањето на чајот може да го загорчи пијалакот бидејќи се зголемува количеството на танини – кисели материи кои му даваат специфичен вкус на чајот.


Покрај тоа, загревањето може да ги активира бактериите во чајот. Така, освен што вашиот чај ќе има полош вкус, тој може да стане потенцијално небезбеден за консумирање.

Ориз

Според Харини, најопасна храна за повторно подгревање е оризот. Кога варениот ориз ќе се излади, може да ја содржи бактеријата „Bacillus cereus“ која е отпорна на топлина, па така по подгревањето таа може да остане присутна во оризот и да предизвика труење со храна. Симптомите вклучуваат повраќање, дијареја и абдоминална болка.


Експертите советуваат доколку планирате да го консумирате оризот следниот ден, ставете го во фрижидер во рок од два часа по готвењето, во херметички затворен сад. Доколку пак го чувате надвор од фрижидерот, шансите за развој на „Bacillus cereus“ драстично се зголемуваат.

Познат случај кој го привлече вниманието на медиумите минатата година беше смртта на 20-годишен маж од Белгија, кој почина откако јадеше рижото кое стоело на маса пет дена. Според обдукцијата, смртта настанала како резултат на „синдромот на пржен ориз“ – состојба предизвикана од бактеријата „Bacillus cereus“, која може да доведе до откажување на органите.