Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

Макфакс

29/11/2024

11:56

4.927

Големина на фонт

а а а

Ракометарот на Загреб, Милош Кос е отстранет од тимот откако предизвикал тепачка по натпреварот со Нант (22:25) во Лигата на шампионите.

Хрватските медиуми објавија детали од инцидентот, а клубот потврди дека против Кос е порената дисциплинска постапка. Во наредните денови ќе биде познато каква казна ќе добие.

Во меѓувреме се појавија детали за инцидентот во доблекувалната. Медиумите тврдат дека српскиот репрезентативец физички нападнал соиграч.

„Некои соиграчи во соблекувалната му рекле на Кос дека не игра добро, а откако хрватскиот голман и репрезентативец Матеј Мандиќ му рекол нешто, Кос му удрил тупаница. Го повредил, а повредата е таква што може да го спречи Мандиќ да игра на Светското првенство. Закрепнувањето може да потрае четири до шест недели…Потоа интервенираа другите играчи, при што Звонимир Срна наводно неколку пати го удрил српскиот ракометар“, откриваат хрватските медиуми.

Кос во последно време игра во лоша форма, на последните два натпревари постигна само три гола од 17 обиди.