Франција не сака да каже дали ќе го уапси Путин според налогот на Меѓународниот суд

Макфакс

28/11/2024

18:38

512

Големина на фонт

а а а

Франција, која се најде под притисок поради својата позиција за прашањето за меѓународната потерница за израелскиот премиер, денеска одби да каже дали би била подготвена да го уапси рускиот претседател Владимир Путин врз основа на слична потерница.

Меѓународниот кривичен суд минатата недела издаде потерници за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен шеф на одбраната и воениот началник на Хамас за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.


Членките на Европската унија, вклучително и Франција, се потписници на основачкиот статут на МКС, но Франција вчера изјави дека Нетанјаху има имунитет од МКС, со оглед на тоа што Израел не ги потпишал статутите на судот.

МКС, исто така, издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воени злосторства и илегална депортација на стотици деца од Украина, иако Русија не е потписник на основачкиот статут на МКС.


„Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемуан денеска изјави дека правната позиција на Франција е во суштина иста во однос на налозите за апсење на Путин и Нетанјаху.

„Веројатно бевме помалку прецизни кога го коментиравме случајот на Путин во споредба со сегашниот, но во секој случај нашиот став е ист“, изјави Лемоан на новинарите.

На прашањето дали тоа значи дека Франција нема да го уапси Путин доколку пристигне на француска територија, тој рече: „Кога станува збор за Владимир Путин, сите оние кои извршиле злосторства немаат имунитет. Тие мора да одговараат за своите постапки, и секогаш велевме дека ќе го применуваме меѓународното право во сите негови аспекти“.

Но, тој рече дека прашањето за имунитетот, кое е вградено во статутите на МКС, е „комплексно“ и дека државите понекогаш имаат различни ставови за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг