Кратката прошетка по оброкот може да помогне на повеќе начини, а истражувањата покажуваат дека одењето само 500 дополнителни чекори дневно е поврзано со намален ризик од голем број болести.
Прошетката по оброкот може да помогне во зголемувањето на енергијата, подобрувањето на дигестијата и контролата на нивото на шеќер во крвта, изјави за „Business Insider“ Николас Фишер, регистриран диететичар во „MedStar Health“.
Па така брзото одење може да биде одличен начин да останете активни во текот на постудените и потемни месеци.
„Ви се активира пумпањето на крвта, му давате шанса на вашето тело да циркулира хранливи материи“, вели Фишер и додава „Доколку седите на каучот цел ден, голема е веројатноста дека ќе бидете вкочанети и уморни, додека доколку станете, вашето тело ќе биде поподготвено и поспособно за движење“.
„Дури и пет минути пешачење може да даде големи придобивки“, истакнува тој.
„Луѓето можат да започнат со она кое можат да го направат – петминутно пешачење, а потоа можат да го надоградат тоа“, рече Фишер.
Истражувањата покажуваат дека одењето само 500 дополнителни чекори дневно е поврзано со подобро здравје на срцето и помал ризик од одредени болести.
Чувството на поголема енергија и будност по прошетката е одличен поттик да се движите во текот на целата сезона, а не само во текот на зимата, и може да го олесни придржувањето кон другите здрави навики.
„Доколку луѓето имаат постојана рутина или навика за пешачење, веројатно имаат и други здрави навики“, вели Фишер.