[ВИДЕО] Една куќа од Балканот стана хит на социјалните мрежи: „Луѓе дали е возможно ова?“

Точка

28/11/2024

18:39

4.836

Големина на фонт

а а а

Љубители сте на филмовите за хобити и „Господарот на прстените“, но предалеку ви е да одите до Нов Зеланд за да го посетите познатиот Хобитон каде што се снимаше филмот? Не очајувајте бидејќи Хобитон се појави во близина на Мостар во Босна и Херцеговина.

Хобитски домови

Мали куќички вкопани во ридовите, со кровови обраснати во зелена трева и карактеристичните тркалезни врати на многумина им се допаднаа откако ги забележаа во филмот „Господарот на прстените“. Тоа се домови на хобитите, малите суштества кои живеат во Средната Земја, во светот кој во своите книги го создал познатиот Џ.Р.Р Толкиен.


Нивниот најголем град се нарекува Хобитон, а таму живее семејството Бегинс, главните протагонисти на книгите Хобит и Господарот на прстените. Оригиналниот Хобитон се наоѓа во Нов Зеланд и привлекува туристите од сите краишта на светот. Таму можете да се прошетате по патеките по кои чекореле актерите од популарната адаптација на Питер Џексон како Илајџа Вуд, Сер Иан Мекелен и Шон Остин. Меѓутоа, за да доживеете ваква магија, не ви е потребен прекуокеански лет, пишува „Дневно.хр“.


Имено неодамна на Тикток беше објавено видео на кое може да се види многу шармантна хобитска куќа, лоцирана во близина на Мостар во Горанци, инспирирана од светот на хобитите и волшебниците. На секој детаљ му е посветено големо внимание, а секој посетител на оваа куќа добива и подарок – пиво направено по оригиналниот рецепт од филмот.


Исто така, во дворот на куќата можете да го гледате хобитот на големото платно со свеќи и проектор.

„Сакам да живеам таму“, „Вие сте легенди“ и „Вау … дали е возможно ова, „Ова е повеќе од убаво, прекрасно“, се само дел од коментарите на воодушевените корисници на Тикток. Инаку куќата може да се изнајми, така што посетителите можат и подолг период да уживаат во ова невообичаено и магично место.