Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

Макфакс

28/11/2024

17:22

1.354

Големина на фонт

а а а

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со превозот во град Скопје во континуитет. Имено, уште веднаш ќе кажам дека градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној кикс што беше направен, каде што Владата мораше да прогласи вонредна состојба и да го снабди ЈСП со гориво од државните резерви, таа во моментот во континуитет ги подбуцнува приватните превозници да прават проблеми во јавниот градски превоз“, изјави денеска Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје.

„Таа е непредвидлива жена и може да ви го направи она што го направи со вашите претходници пред две години. Може да ви ги укине лиценците и да ве остави без леб“, им порача Славески на приватните превозници.


„Само да нагласам, односно да потсетам дека пред 2 години, вие сте сведоци, кога приватните превозници, тогашните претпријатија штрајкуваа, изразуваа знаци на револт, таа им ги раскина договорите и почна постапка за избор на нови даватели на услуги. А сега, напротив, иако веќе 4-5 месеци по ред приватните превозници се држат до договорите потпишани пред една и пол година, а важат до мај 2025 година, таа ги толерира и ова го прави, нагласувам, во вонредна состојба во јавниот градски превоз. Не знам колку е свесна таа, а колку се свесни приватните превозници. Да почнеме со ред, нели има барања за зголемување на тарифата од страна на приватните сопственици за што сте информирани и нели приватни субјекти до Советот на Град Скопје не може да се обраќаат, тоа беше направено во вторникот во доцните попладневни часови преку иницијатива на членот на Советот, Горан Арсов. Јас таа иницијатива ја добив во 15.30 часот, секако не можев веднаш да ја препратам до градоначалничката затоа што беше крај на работното време. Наредниот ден, односно вчера, имавме седница на Советот и тоа го направив по нејзиното завршување“, рече Славески.


Тој напомена: „Интересно е што, и да ја разберете мојата положба како претседател на Советот и поставеноста, некои манипулираа, односно имаа пристап до мојата пошта, иницијативата е доставена до претседателот на Советот на Град Скопје и пред јас да побарам мислење од градоначалничката, градоначалник дава некое мислење за кое сте информирани уште во текот на седницата на Советот, во кое воопшто тоа не е мислење, туку повторно кажува советниците треба да донесат одлука за зголемување на цената од изминат километар за приватните превозници. Тоа не оди така, јас кон крајот на работното време доставив барање за мислење, и тоа барање по 4 точки“.


Славески напомена „бараме да достави материјал како тогашниот градоначалникот Коце Трајановски во 2017 година во февруари на 17 страници, значи тоа е овој материјал, на 17 страници доставува до Советот предлог-одлука за утврдување вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар“.