Во иранските села, каде традицијата и семејната блискост имаат клучна улога, обичајот жената да спие во ист кревет со сопругот и свекрвата предизвикува чудење и фасцинација кај модерниот свет.
Сара е млада жена која живее во мало село на северот на Иран, во куќа опкружена со огромни овоштарници и мирисливи полиња. Нејзиното секојдневие е исполнето со обичаи кои модерниот свет полека ги заборава. Меѓутоа на многумина нејзината ситуација веројатно им изгледа невообичаено, поради тоа што Сара спие во ист кревет со сопругот и свекрвата, почитувајќи ја традицијата на заеднички живот и семејна блискост.
Секое утро, уште пред изгрејсонце, селаните се будат и се подготвуваат за новиот ден.
Сара ги сака тие моменти на мир кога го напушта домот и зачекорува во природа. Таа започна со снимање на тие посебни моменти и нивно споделување со светот преку нејзиниот Јутјуб канал. Нејзините видеа им даваат на луѓето можност да ѕирнат во животот во селата во Иран, каде времето делува позабавено, а вредностите се вкоренети во традицијата.
Меѓутоа цивилизираниот свет останува шокиран кога ги гледа сите тројца како спијат во ист кревет – свекрвата, сопругата и сопругот. Сара не го коментира овој обичај во видеото, бидејќи за нив тоа е сосема нормално нешто и на тој начин ја одржуваат блискоста.
Утрата на Сара започнуваат тивко. Првото нешто кое го прави е подготовка на лебот. На дрвената маса во дворот го замесува тестото од брашно, вода и малку сол. Додека лебот се пече во рерната на дрва, Сара ја поставува масата за појадок, којашто е всушност подот.
Локалните специјалитети се сервирани: домашно сирење, варени јајца и свежо подготвен џем од јагоди. Сè е органско, плод на нивната работа и љубовта кон земјата. „Секој залак има приказна“, вели Сара додека се насмевнува пред камерата.
Животот во природа не само што е мирен, туку и исполнет. Сара и нејзиното семејство секојдневно се грижат за овоштарникот, надевајќи се на богата жетва на јаболка, цреши и ореви. Во тие моменти, Сара често размислува за животот и вредностите кои ги споделува со нејзините следбеници.
„Во овој дел од светот, семејството е столбот“, објаснува таа во едно од нејзините видеа. Заедничкиот живот со свекрвата можеби за многумина не е вообичаен, но Сара во тоа ја гледа силата на заедништвото и поддршката. Таа смета дека секоја генерација е столб за следната, а мудроста на постарите и енергијата на помладите се клучот за опстанокот во селото, па затоа е задолжително свекрвите и снаите да се држат заедно и на тој начин да ги компензираат нивните енергии.
Секоја сабота и среда Сара прави релаксирачки видеозаписи од шумата. Звукот на штурците, шушкањето на лисјата и тивкото врнење на капките дожд на дрвените штици им нудат на нејзините следбеници моменти на мир. Луѓето од целиот свет ги гледаат нејзините видеа за да се релаксираат, да научат нешто ново за иранската кујна и да уживаат во едноставноста на природата.
Сара не само што споделува рецепти, туку ја споделува и филозофијата на животот. „Полека“, им вели таа на своите следбеници.
„Научете да ги цените малите нешта – вкусот на свежо набраните јагоди, мирисот на печениот леб и топлината на семејството“, порачува Сара.
Доколу сакате да ѕирнете во селскиот живот на Блискиот Исток, да научите како да подготвувате традиционални јадења и да ја почувствувате смиреноста на природата, Сара ве повикува да се придружите на нејзиниот канал. Таа верува дека, иако живееме во различни делови на светот, љубовта кон природата и семејството ги поврзува сите луѓе.
„Ајде заедно да ја откриеме убавината на едноставниот живот“, вели Сара со насмевка додека со нејзиниот фотоапарат ги доловува последните сончеви зраци кои исчезнуваат зад планините.
Животот во северните села на Иран, особено во зима, е обоен со специфични ритми и традиции. Селата лоцирани во планинските предели ја дочекуваат зимата со силни ветрови, ниски температури и снег кој ги покрива огромните овоштарници и градини.
И покрај тешките временски услови, жителите продолжуваат со секојдневните обврски, зачувувајќи ги семејните вредности и поврзаноста со природата.
Секое утро, додека во селото сè уште е темно, селските мажи и жени стануваат многу рано. Студот кој продира низ дрвените ѕидови на куќите не ги обесхрабрува, бидејќи знаат дека секој ден е нова можност да се грижат за земјата и плодовите што ќе пристигнат на пролет.
Првата нивна дестинација по појадокот се овоштарниците и бавчите. И во зимскиот период, грижата за дрвјата и земјиштето не престанува – тие редовно ја проверуваат состојбата на растенијата и го подготвуваат земјиштето за доаѓањето на потоплите денови.
Зимата во планинските села во северен Иран бара посебно внимание кон здравјето. Студеното време знае да биде исцрпувачко, па затоа е неопходно тие да внимаваат на исхраната и секојдневната физичка активност.
Локалните жители веруваат дека здравото тело е основата за среќен и продуктивен живот. Покрај физичката работа на отворено, тие често користат природни лекови и билни чаеви за одржување на имунитетот и заштита од настинки и други зимски болести.
Иако зимските денови во планинските села се студени и напорни, тие имаат посебен шарм. Секој момент, без разлика дали е работа во овоштарникот, подготовка на храна или заеднички оброк, зрачи со едноставност и блискост. Селскиот живот можеби не го нуди луксузот на современиот свет, но обезбедува драгоцени моменти на мир, поврзаност со природата и уживање во секојдневните ритуали.
Сара преку своите видеа сака да им ја пренесе оваа топлина и спокојство на сите кои инспирацијата ја бараат во едноставноста. Таа верува дека токму таквите моменти, во хармонија со природата и семејството, ја носат вистинската среќа.
„Уживајте во секој ден, без оглед на временските услови, и најдете ја убавината во малите нешта“, порачува Сара.