„Ова ви е одговор за американските ракети“: Бруталната реакција на Путин по последниот напад на Украина, цел свет стравува од следниот потег на Русија!

Точка

28/11/2024

22:22

7.923

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по последниот руски напад врз Украина, изјавувајќи дека тоа е одговор на употребата на американски и британски ракети од Киев со цел да се нападне руска територија минатата недела.

Путин посочи дека Русија во текот на ноќта го нападнала Киев со 90 проектили и 100 беспилотни летала, како одговор на украинските напади со оружје од Велика Британија и САД. Тој нагласи дека руската армија избира цели во Украина кои можат да вклучуваат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија или центри за одлучување во Киев.


„Во моментов, Министерството за одбрана и Генералштабот на руската армија избираат цели за удари на украинска територија. Тие можат да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија или центри за одлучување во Киев. Објекти од национално значење во Русија, како Санкт Петербург и Москва“, изјави Владимир Путин.


Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за таргетирање на енергетската инфраструктура со касетни бомби, што значително ја отежнува ситуацијата за спасувачките екипи и инженерите кои работат на поправките. Според Зеленски, ова е „одвратна ескалација на руските терористички тактики“.

„Тоа касетно оружје значително ја отежнува задачата на нашите спасувачи и електроинженери кои треба да ги отстранат последиците од нападот. Ова е одвратна ескалација на руските терористички тактики“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по големиот руски напад на енергетската инфраструктура на земјата синоќа и утринава.