Синовите на Лионел Меси и Луис Суарез за првпат заиграа заедно за екипата на Интер Мајами. Момчињата патуваа стотици километри, по што заиграа за младиот тим на Интер Мајами против Пенарол во Њуелс купот. Дуото привлече внимание и покрај тоа што Мајами не се прослави во аргентинскиот Росарио.
Тиаго Меси (12) носеше дрес со познатиот број 10 на неговиот татко, а на социјалните мрежи се појави неговото подавање на топката со кое сигурно се гордее легендата на Барселона.
Имено, тој ја прими топката малку надвор од шеснаесетникот, а потоа брилијантно од прва го проигра противникот, и му ја подаде топката на соиграчот, кој потоа шутираше покрај голот.
Тиаго на тој начин остана без одлична асистенција, но неговиот близок пријател Бенјамин Суарез, синот на Луис Суарез успеа да се впише во стрелците.
Момчето го покажа инстинктот на татко му да го следи аутот, а потоа мирно ја смести топката во мрежата.
Сопругата на Меси, Антонела го следеше натпреварот од трибините додека Интер Мајами исто така се соочи со Њуелс Олд Бојс, клубот во кој Меси порасна како момче.
Тие го загубија тој натпревар со 1:0, но возвратија против Пенарол (2:1), делумно благодарение на помладите Меси и Суарез.
Инаку, момчињата настапија за Интер Мајами на Њуелс купот на десеттото издание на овој младински турнир на кој учествуваа осум клубови од Северна и Јужна Америка.