Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Макфакс

27/11/2024

16:30

169

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид.

По настанот одговарајќи на новинарско прашање, за што конкретно се разговара со матичните лекари и дали е можно да се очекува зголемување на капитацијата, со оглед на тоа што Владата, преку Фондот за здравствено осигурување е во интензивна комуникација со нив овој период, информираше:

„Да, се разговара, се разгледуваат сите можности, се разгледуваат можностите финансиски во буџетот на Фондот, во буџетот на Министерството за здравство, како и за многу други работи за коишто најдовме решение, убеден сум дека и за ова ќе најдеме многу скоро од денеска решение.

Чекор по чекор, за помалку од пет месеци решивме работи коишто се децениски, па така и ова. Мислам дека во една пријатна, пријателска атмосфера и за ова ќе се изнајде решение. Но, да бидеме трпеливи и да напредуваме, полека кон конечно решение.“, објасни премиерот Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг