Конечно откриено кој е посреќен по разводот, мажите или жените: Eкспертите согласни, тука нема дилема

Точка

27/11/2024

17:34

950

Големина на фонт

а а а

Разводот честопати се доживува како тежок и емотивно исцрпувачки процес, но за многу жени тој станува можност за значајни позитивни промени.

Едно истражувањето на „Универзитетот Кингстон“ во Лондон открива дека жените, по разводот, не само што пронаоѓаат нова стабилност туку и постигнуваат повисоко ниво на среќа во споредба со претходните фази од животот, за разлика од мажите.

Среќата трае со години

Студијата објавена во списанието „Економика“ покажува дека жените чувствуваат зголемено задоволство од животот и до пет години по разводот. За разлика од мажите, кои бележат благо подобрување, жените покажуваат значително поголеми емоционални придобивки, што ги навело истражувачите на заклучокот дека разводот за многумина претставува излез од несреќниот брак и почеток на ново, поквалитетно животно поглавје.


„Економските предизвици што разводот им ги поставува на жените не го нарушуваат нивното чувство на слобода и задоволство“, објаснува водачот на истражувањето Јанис Џорџелис, додавајќи дека клучот е во тоа што многу жени лесно се приспособуваат на промените и ги користат како можност за личен развој.

Нова перспектива по разводот

Една од причините за ова емоционално подобрување лежи во способноста на жените да се фокусираат на личниот развој. Наместо да посегнат по нездрави механизми за соочување со реалноста, како алкохол или импулсивно однесување, жените почесто се насочуваат кон интроспекција, терапија и изградба на сопствениот идентитет.

Мрежите на поддршка, вклучувајќи ги семејството и пријателите, играат клучна улога. Освен тоа, многу жени по разводот си откриваат нови хобија, градат успешни кариера или ги прошируваат социјалните кругови, што придонесува за нивното чувство на исполнетост и независност.


Разводот како можност, а не како неуспех

Современите општествени норми сѐ помалку го стигматизираат разводот, што дополнително им помага на жените да го гледаат можност за нов почеток. Додека повозрасните генерации честопати го чувствуваат притисокот на општествените очекувања, помладите генерации му пристапуваат на разводот како на природен дел од животниот циклус.

„Сѐ поголем е број жени кои доаѓаат на терапија го доживуваат разводот како шанса за личен развој, а не како неуспех“, истакнала терапевтката Сузан Пиз Гадуа.


Личен развод и нова енергија

Истражувањата на социологот Пол Р. Амати, потврдуваат дека жените по разводот покажуваат зголемена самодоверба, подобар социјален живот и повеќе професионални можности. Овој период често им дава на жените простор за редефинирање на сопствените вредности и цели, ослободувајќи ги од проблемите кои биле заслужни за распад на бракот.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг