Три алармантни симптоми на тромб: Препознајте ги навреме за да спречите опасни компликации

Точка

25/11/2024

22:03

9.745

Големина на фонт

а а а

Тромбите може да бидат опасни по живот доколку не се откријат навреме. Еве ги најчестите симптоми кои укажуваат на присуство на тромб:

Отекување на рака или нога:

Ова отекување обично е локализирано и може да се појави само на едната страна на телото. Најчесто се јавува на долните екстремитети, во пределот на потколениците.

Болка и чувство на топлина:

Болката често е присутна во пределот каде што се наоѓа тромбот, а кожата може да биде топла на допир во тој дел. Чувството на непријатност може да биде континуирано или да се појавува при одредени движења.


Промена на бојата на кожата:

Кожата над тромбот може да стане црвена или виолетова. Оваа промена е особено алармантна и бара итна медицинска проценка.

Зошто настануваат тромби?

Згрутчувањето на крвта е природен процес што се случува при повреда за да се спречи прекумерно крвавење. Меѓутоа, кога тромби се формираат во крвните садови без повреда, тоа претставува сериозен ризик за здравјето.

Фактори кои ја зголемуваат веројатноста за тромб:


Пушење.

Висок холестерол.

Прекумерна тежина или дебелина.

Малигни заболувања (рак).

Дијабетес.

Стрес.

Неподвижност или неактивен животен стил (особено при долго седење или лежење).


Компликации предизвикани од тромби

Формирањето на тромби може да доведе до сериозни и животозагрозувачки компликации, зависно од тоа каде се појавуваат:

Белите дробови: Белодробна емболија, која настанува кога тромб ќе се ослободи и ќе стигне до пулмоналната артерија, блокирајќи го протокот на крв.

Мозок: Може да предизвика минлив исхемичен напад (ТИА) или мозочен удар.

Срце: Тромб во коронарните артерии може да резултира со срцев удар.

Врат: Ако тромбот се формира во каротидната артерија, тоа може да предизвика ТИА или мозочен удар.

Стомак: Тромб во мезентеричната артерија може да предизвика мезентерична исхемија, што доведува до оштетување на органите.


Дијагностика и третман

За потврда на присуство на тромб, најчесто се користи ултразвучен преглед на вените. Овој преглед може да утврди каде се наоѓа тромбот, колку е стар и дали е акутен или хроничен.

Штом ќе се постави дијагноза, веднаш се започнува со терапија:

Антикоагулантна терапија: Препишува лекови кои го спречуваат зголемувањето на тромбот и намалуваат ризикот од белодробна емболија.

Компресивни чорапи: Користат за намалување на отокот и подобрување на циркулацијата.

Дополнителни лекови: Антибиотска терапија или лекови за намалување на отокот, доколку е потребно.


Кој е најмногу изложен на ризик?

Тромбозата е нешто почеста кај жени на возраст од 20 до 45 години. Особено висок ризик имаат:

Бремените жени.

Жените кои користат орални контрацептиви.

Лицата со генетска предиспозиција за згрутчување на крвта.

Превенција

Редовна физичка активност.

Контрола на тежината и избегнување на прекумерно седење.