Меган Фокс за првпат беше фотографирана во јавноста по веста за нејзината бременост. Триесет и шестгодишната манекенка и актерка неодамна откри дека го очекува своето прво дете со Машин Ган Кели. Неодамна беше фотографирана во една продавница во Лос Анџелес, каде што подготвено им позираше на фотографите, а се појави во проѕирен фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.
Потсетуваме, Меган веќе е мајка на три деца – со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин ги има синовите Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6). Актерката веста за бременоста ја објави на Инстаграм.
„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“, напиша таа на објавата со емотикони на ангел и срце. Нејзината објава за бременост доаѓа една година откако таа откри дека доживеала спонтан абортус.
Меган и Машин Ган Кели ја започнаа врската во 2020 година, по нејзиниот развод со Брајан Остин Грин. Тие наводно се зближиле за време на снимањето на „Midnight in the Switchgrass“, а се верија во јануари 2022 година.
Во февруари 2023 година, Меган ги избриша сите фотографии со раперот и на тој начин започна гласини дека раскинале. Таа престана да го следи на Инстаграм, но го заследи Еминем, што дополнително ги поттикна гласините за раскинување, бидејќи Еминем и Машин Ган Кели со години се во кавга. Инаку американските медиуми пишуваа дека парот се обидува да си ги реши проблемите и дека посетуваат советник за врски.
Се шпекулираше дека на нивната врска и пресудило трето лице, но Меган тоа го демантираше. Додека, во април истата година, тие беа видени како се дружат на плажа на Хаваи, а папараците ги фотографираа. Двојката тогаш одеше по плажата држејќи се за рака,а во еден момент Машин Ган ја носеше Меган на грб, додека таа не ја криеше насмевката.