Блажиќ: „Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум“

Макфакс

25/11/2024

11:47

901

Големина на фонт

а а а

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац во кој беа убиени девет лица.

На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, неговиот татко, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот а потоа пред присутните се обрати првообвинетиот Блажиќ, пишуваат медиумите во соседството.

„Сакаме да бидат доставени сите IP-адреси, не е утврдено дали имало влијание однадвор дека е извршен овој масакр. Не утврдивме дали имало планови или имало влијание од странство. Немаме пораки, немаме повици. Семејствата инсистираат на тоа“, рече Стефановиќ.

Обвинителите тогаш се спротивставија на предлогот и нагласија дека IP-адресите нема да донесат нови докази и дека постапката само ќе се одолговлекува.

Тогаш обвинетиот Урош Блажиќ побара од судијата да ја дополни неговата одбрана.

Родителите на убиените деца се побунија.

„Сфатив дека сите овде сте во право тука. Ви благодарам што сте толку љубезни кон мене, заслужив полоши зборови и осуда. Барав мотив, но нема мотив толку многу луѓе да загинат. Цел живот глумев, се жртвував, замислував дека сите ме мразат, а овие млади сакаа да ми помогнат, а јас бев арогантен. Одбив да ја прифатам вината, извинете што не го кажав ова веднаш. Сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не можам да го минимизирам ова. Мојата судбина е во ваши раце, сакам најстрога казна. Да ми дадете да потпишам да ми го извадат окото и да и го дадат на Анѓела, да ми ја земат ногата и ‘рбетниот мозок и да ги дадат на другите повредени“, рече Блажиќ и додаде:

„Знам што ме чека, јас сум мртов човек“.

На Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото сè уште немал 21 година, пренесуваат српските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг