Интер Мајами постави многу рекорди, но не успеа да ја заврши сезоната на посакуван начин, доживувајќи елиминација уште во првото коло на МЛС плејофот.
Неуспехот беше голем удар и за првата ѕвезда Лионел Меси, а тоа го потврдува и изјавата на неговиот соиграч, Џулијан Гресел, кој потенцира дека Аргентинецот бил лут дури и кога неговата екипа освојувала само бод од некој натпревар во првиот дел од сезоната.
– Кога се работи за Меси, дури и ремито е неприфатливо.
– Имавме неколку такви натпревари и се сеќавам дека Лео беше многу вознемирен во соблекувалната и со став дека не смееме да си дозволиме да не победиме.
– Дури и тренерот Мартино мораше да се инволвира во некои ситуации и да му објаснува дека не можеме секогаш да победуваме и дека МЛС не е натпреварување како другите во кои настапувал.
– Кога бевме елиминирани од Атланта, во соблекувалната беше тивко, сите гледаа во празно и не можеа да поверуваат што се случило на теренот, – открил американскиот фудбалер.