Лига на нации: Ждрепката најави атрактивни пресметки во четвртфиналето

Дерби

22/11/2024

13:56

1.020

Големина на фонт

а а а

УЕФА денеска ја реализираше ждрепката за завршницата на Лигата на нации, со што се одредени четвртфиналните и полуфиналните парови за ова европско натпреварување.

Ждрепката донесе четири дерби пресметки и три посебно атрактивни соочувања:

Данска-Португалија (1)

Холандија-Шпанија (2)

Хрватска-Франција (2)

Италија-Германија (1)

Во полуфиналето ќе се соочат победниците од двојките 1, односно 2.

Претходно беа извлечени двојките за баражот за пласман, односно опстанок во А и Б групата, а најинтересниот двомеч ќе го играат Австрија и Србија.

Австрија-Србија

Турција-Унгарија

Украина-Белгија

Грција-Шкотска

Во истата фаза за групите Б и Ц:

Косово-Исланд

Словачка-Словенија

Ерменија-Грузија

Бугарија-Р. Ирска



Спонзорирани линкови

Маркетинг