Кристијан Пулишич предизвика многу реакции откако реши да прослави гол на американската репрезентација со препознатливиот танц на Доналд Трамп, а една од критиките стигна од адреса на поранешен репрезентативец на САД.
Се работи за некогашниот голман Тим Хауард, кој долго настапуваше во Европа и со својот авторитет го привлече вниманието и на медиумите.
– Моето лично мислење е дека да го имитирате Трамп е навистина глупава работа.
– Без разлика дали се работи за американски претседател или сосед од улицата, никогаш не би поддржал некој кој е докажан расист.
– Пулишич кажа дека тоа го направил од забава и немало ништо политичко во потегот, но јас ќе ви кажам дека секој знак за поддршка на Трамп е политички потег.
– Од една страна федерацијата и женската репрезентација се борат за рамноправност, за правата на ЛГБТ заедницата, Меган Рапино му објави војна на Трамп, а најголемата ѕвезда на машката репрезентација го имитира танцот. Федерацијата мора да преземе одговорност, бидејќи Кристијан не е дете, има 26 години и е најголема ѕвезда во националниот тим, – рекол Хауард.