Манчестер Сити го загуби влијателниот директор Чики Бегиристајн, но не треба да се грижи за менаџерската позиција, бидејќи Пеп Гвардиола потпишал договор за продолжување на соработката за уште две години.
Шпанскиот стручњак вчера им потврдил на медиумите дека останува на „Итихад“ и наредните две сезони, а истовремено потенцирал и кој момент го разубедил да не донесе одлука за збогување со Сити.
– Од почетокот на сезоната размислував многу и мислев дека ова ќе биде последна сезона.
– Но, по проблемите кои ги имаме последниот месец, почувствував дека сега не е време да заминам. Не сакам да го оставам клубот на цедило.
– Можеби четирите порази по ред беа причина што почувствував дека не е во ред да заминам. Исто така сметам дека и клубот сака да останам, па затоа и потпишав, – рекол Гвардиола.