ПСЖ изминативе години најчесто доминира во домашното првенство, но досега не успеа да стигне до посакуваната титула во Лигата на шампионите.
Претседателот Насер Ал Келаифи деновиве е актуелен поради отворањето на новиот спортски центар на францускиот клуб, но и со изјавите на различни теми.
Една од нив се и клупските амбиции на ПСЖ, со оглед на фактот што сезонава тренерот Луис Енрике располага со повеќе млади фудбалери, а го загуби и Килијан Мбапе кој се пресели во Реал Мадрид.
– Освојувањето на Лигата на шампионите не е наша најважна амбиција во моментов.
– Сакаме да победиме на секој натпревар, но нема да правиме таков притисок врз овој подмладен тим. Треба да бидеме реални, да имаме предвид со каков состав располагаме, а и ждрепката не ни беше баш најсреќна.
– Не сакаме да копираме никого, туку да имаме свој идентитет. А, тој идентитет треба да се формира со помош на младите фудбалери, во моментов имаме комбинација на млади и искусни играчи, па приоритет ни е формирање на идентитет на ПСЖ, а не триумф во Лигата на шампионите.
– Имаме доверба во Луис Енрике, во неговиот стил на игра и плановите ги правиме долгорочно, – рекол Ал Келаифи.