Итно хоспитализиран: Шефот на Светската здравствена организација заврши во болница

Макфакс

21/11/2024

13:26

270

Големина на фонт

а а а

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус е хоспитализиран во болницата Самаритано Бар да Тијука во Рио де Жанеиро, пренесува локалниот весник О Глобо. Тедрос побарал лекарска помош поради симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза, откако покажал знаци на болест за време на самитот на Г20.

Лавиринтитис е воспаление на лавиринтот, системот исполнет со течност во внатрешното уво, додека вестибуларниот невритис е воспаление на вестибуларниот нерв. И двете состојби вклучуваат воспаление на внатрешното уво, каде што лавиринтите кои го содржат вестибуларниот систем откриваат промени во положбата на главата или движењето на главата.

Тедрос побарал лекарска помош откако почнал да покажува знаци на овие здравствени проблеми за време на самитот на Г20.

Хипертензивната криза е итна, често опасна по живот состојба придружена со симптоми и знаци на акутно оштетување на срцето, мозокот, бубрезите или очите. Во основата на нарушувањето е тешката, малигна (забрзана) хипертензија, предизвикана од ненадејно, критично зголемување на крвниот притисок над 180/110 mmHg.



Спонзорирани линкови

Маркетинг