Кливленд брзо се опорави од поразот од Бостон и успеа да се врати на победничките патеки во НБА лигата, откако рано утрово без никакви проблеми го реши Њу Орлеанс.
Тимот со најдобар учинок во НБА лигата сега има 16:1 на стартот на сезоната, а последниот триумф беше остварен со резултат 128:100.
Кавалирси водени од тимската игра повторно се ставија во ситуација дури четири кошаркари да имаат над 15 поени, а тоа беа Џером со 29, Нианг со 20, Ален со 16 и Тајсон со 16 поени.
Наспроти историската серија на Кливленд, мора да се напомене дека Филаделфија има еден од најсрамните стартови во својата историја, бидејќи со биланс од 2:12 сега е и дефинитивно најслаб тим во лигата.
„Сиксерси“ загубија на гостувањето кај Мемфис со 117:111, и тоа во натпревар во кој залудни беа 35 поени и 11 скокови на Ембид.
НБА резултати:
Кливленд – Њу Орлеанс 128:100
Оклахома – Портланд 109:99
Хјустон – Индијана 130:113
Мемфис – Филаделфија 117:111
Феникс – Њујорк 122:138
Голден Стејт – Атланта 120:97
ЛА Клиперс – Орландо 104:93