Рубен Аморим ја одработи првата работна недела во Манчестер Јунајтед и полека се подготвува за првиот предизвик во англискиот фудбал, а тоа е дуелот против Ипсвич на гостински терен.
Португалскиот стручњак пристигна како голем шампион од Спортинг и јасно е дека ќе има многу работи за решавање, но новиот менаџер остави добар впечаток со првите изјави и првото интервју кое го направи како член на Манчестер Јунајтед.
Аморим нагласи дека нема да му биде потребно премногу време за да се изгради идентитет во првиот тим на Јунајтед, јасно потенцирајќи дека ќе се види јасна идеаја и план на игра уште на првите три натпревари.
– Навистина сум импресиониран од тоа што го кажа Аморим досега. Изгледа како човек кој има харизма, карактер. Знае да се шегува со новинарите и дава интересни одговори. Беше запрашан што видел на првите тренинзи од гледна точка на фудбалски фан на Јунајтед…..
– Многумина тренери би го оставиле одговорот на тоа прашање за понатаму, но тој веднаш одговори самоуверено: Ви гаратирам дека ќе видите план и идеаја уште на првите два или три натпревари на Јунајтед.
– Јас не сум фан на Манчестер Јунајтед, но ако бев, ќе ме исполнеа со самодоверба зборовите кои ги употреби Аморим. Очигледно дека тој верува во својот метод, во своите квалитети и во својот систем, – вели Џејми Карагер.