Транском со целосен пресврт во второто полувреме до победа над А1

Точка

21/11/2024

10:51

136

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Транском со целосен пресврт во второто полувреме до победа над А1

A1 2-3(2-1) Транском

A1: Стефан Петровски 4”, Фати Јахи 8”,

Транском: Борис Лукановски 18”, Марко Недески 29”, Венхар Фера 35”

Екипите на А1 и Транском одиграа натпревар полн со пресврти. Се играше крајно израмнет фудбал и на двете страни. Екипата на А1 одигра маестрално прво полувреме. Уште на самиот старт од полувремето преку дуото Петровски – Јахи успеа да стекне предност од 2-0. Екипата на Транском во финишот од првото полувреме успеа преку контра напад да го намали резултатот на 2-1.

Во второто полувреме се играше крајно израмнет фудбал. Екипата на Транском успа да постигне гол со кој го израмни резултатот на 2-2, по што следеше притисок во предно поле што вроди со плод па Транском поведе со 2-3. Во тие моменти екипата на А1 внесе во своите редови голман-играч како би можела да фати резултатски приклучок, но времето беше сојузник на Транском кој го доби овој натпревар со 2-3.

ЕВН со одлична реализација до победа над Корпа

ЕВН 9-0(2-0) Корпа

ЕВН: Дарко Стоилевски 13” 29”, Бојан Тодоровски 20” 23” 27” 28”, Томи Илиевски 32”, Бојан Симоновски 38”, Ајет Новобрдалија 38”

Натпреварот помеѓу ЕВН и Корпа го отвори екипата на ЕВН во втората фаза од првото полувреме кога Стоиловски преку контра напад постигна гол со кој му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Корпа се обидуваше со притисок во предно поле да ја разниша одбраната на ЕВН но ЕВН имаше одлична поставеност и не дозволи изненадување, па во самиот финиш од првото полувреме Тодоровски постигна погодок за предност на ЕВН од 2-0.

Во второто полувреме екипата на Корпа се обидуваше да најде против игра за вечерва расположениот ЕВН, но ЕВН имаше своја вечер, од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот резултираше со висока победа над Корпа од 9-0.

Фабрика Карпош – ГИМ немаше доволни сили за целосен пресврт во дуелот со Матрикс

Матрикс 6-5(5-0) Фабрика Карпош - ГИМ

Матрикс: Драган Брњарчевски 6”, Даниел Мобевски 8” 14”, Антонио Боградновски 17” 20”, Ивица Алампиоски 34”

Фабрика Карпош - ГИМ: Лазар Божиновски 23” 36”, Јован Јанковски 24” 40”, Филип Илиевски 28”

Екипата на Матрикс одигра маестрално прво полувреме во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ. Матрикс доминираше во текот на целото полувреме. Имаше одлична поставеност во делот на нападот и со добро организирани акции доаѓаше до отворени шанси за гол. Со ваквата игра Матрикс од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот на првото полувреме изнесуваше високи 5-0.

Во второто полувреме Фабрика Карпош – ГИМ влезе со целосно променета тактика. Во своите редови внесе голман-играч како би можела да ја анулира негативата од првото полувреме. Со ваквите техничко-тактички замисли Фабрика Карпош – ГИМ успеа да се приближи на само гол негатива со што овој натпревар влезе во неизвесна завршница. Екипата на Матиркс успеа да се одбрани во последните неколку напади со што ја задржа предност од 1 гол која му донесе победа на овој натпревар од 6-5.




Спонзорирани линкови

Маркетинг