Сѐ е подготвено за последното збогување на пејачот на „Уан дајрекшн“, Лиам Пејн. Пред вратата на црквата стојат чувари, а преку улицата се собираат бројни обожаватели кои оставаат пораки, цвеќиња и свеќи за трагично загинатиот пејач.
Меѓу првите кои се појавија беа Хари Стајлс и Луис Томлинсон, членови на „Уан дајрекшн“. Недолго потоа се појавија и Зејн Малик и Најл Хоран.
Хари, Најл, Зејн и Луис пристигнаа одделно во црквата, што се смета дека е нивна прва заедничка средба како група од нивниот последен концерт во 2015 година.
На погребот е и неговата девојка Кејт Кесиди која беше со него во Аргентина. Со неа дојде и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан.
Пристигна и Сајмон Кауел, човекот кој ги состави „Уан дајрекшн“, бендот кој им донесе светска слава на Лијам и на момчињата. Тој дојде со својата партнерка Лорен Силверман.
Кога сите влегле во црквата, ковчегот на Лиам Пејн бил донесен во бела кочија со два цветни аранжмани, од кои на едниот пишувало „тато“, а на другиот „син“.