Американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер, ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура.
„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шекеринска.
My warmest congratulations to Radmila @Sekerinska, NATO’s next Deputy Secretary General, and to @MickoskiHM and the Government of North Macedonia for championing her candidacy. A powerful testament to Ms. Shekerinska’s expertise and experience, and 🇲🇰 role as a valued @NATO ally…
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) November 19, 2024
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО.