Дмитриј Медведев: Сега имаме право да возвратиме со оружје за масовно уништување на Киев и НАТО

Макфакс

19/11/2024

18:19

704

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави денеска, откако САД и дозволија на Украина да истрела проектили со долг дострел длабоко на руска територија, дека Москва „има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните НАТО инсталации“ и оцени дека тоа веќе е „Третата светска војна“.

Во објава на својот канал Телеграм, Медведев нагласи дека одлуката на администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден може да се оквалификува како напад на членките на НАТО врз Русија.

„Употребата на ракетите на алијансата на овој начин сега може да се квалификува како напад врз Русија од страна на земјите од блокот. Во овој случај, Русија се повикува на правото да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните инсталации на НАТО, ова е веќе Трета светска војна“, напиша Медведев, пренесува „Известија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг