Англичанка силувана и убиена пред 57 години! Полицијата сега уапсила 92-годишен маж

Точка

19/11/2024

16:33

613

Големина на фонт

а а а

92-годишен маж е уапсен под сомнение дека силувал и убил жена во Бристол во 1967 година, соопшти полицијата на Авон и Сомерсет.

Мажот е од Ипсвич, Англија, а неговото апсење следи по форензичкото вештачење на случајот што започна минатата година, соопшти полицијата.

Жртвата, Луиза Дан, која имала 75 години, била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Истон во јуни 1967 година од нејзиниот сосед. Била задавена и силувана.


Инспектор: Истрагата ќе му ги донесе на семејството одговорите што ги чекаа цел живот

„Ова е исклучително значаен момент во ужасен и вознемирувачки случај кој остана нерешен речиси шест децении“, рече инспекторот Дејв Маршант.

Осомничениот е приведен на распит.

Полицијата стапила во контакт со најблиските на жртвата, а инспекторот Маршант додал дека се надева оти истрагата ќе им ги донесе „одговорите што ги чекале цел живот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг