Тошковски – Памер: Потврдена поддршката на Австрија кон нашата интеграција во ЕУ и реформите и борбата со криминалот и корупцијата

Макфакс

19/11/2024

13:49

153

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и министерствата за внатрешни работи, како и заедничката посветеност кон регионалната и глобалната безбедност, борбата против криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области.

Посебно беше истакната соработката со Фронтекс на нашата јужна граница во чиј состав има австриски полициски службеници.

Од страна на амбасадорот Памер беше потврдена поддршката на Австрија кон нашата интеграција во ЕУ и секако во реформите и борбата со криминалот и корупцијата.

Воедно на средбата беше претставен и новиот офицер за врски во Амбасадата на Република Австрија со седиште во Скопје Клаус Грубер, кој доаѓа на функција после двегодишниот мандат на офицерот за врски во заминување Манфред Јурчевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг