Јаневска очекува деновиве да се реши проблемот со студентскиот дом „Пелагонија“

Макфакс

19/11/2024

13:18

186

Големина на фонт

а а а

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува во наредните денови да се решат проблемите со кои се соочени студентите сместени во Студентскиот дом „Пелагонија“. Таа најави дека ќе биде поставен нов директор.

„Слушам различни шпекулации, директорот на студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори и во најблиска иднина да побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, дека храната е на ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите“, рече министерката денес во Штип.

Додаде дека младите се исклучително важни за оваа држава, и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работата, па очекува за два-три дена проблемот да се реши.

Објектот речиси еден месец функционира без директор, по оставката на претходниот, а студентите се жалат од хигиената и недостатокот од топла вода. Велат дека лифтовите не работат, а храната не ги задоволува нивните потреби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг