Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

Макфакс

19/11/2024

14:55

239

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство Арбен Таравари, најави дека зголемувањето на платите за здравствените работници во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.

„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава. Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Таравари.

Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени.

Со овој постигнат договор, според соопштеното од страна на надлежните, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти.

Или, како што е истакнато во соопштението на Таравари ако се земеме целиот период последователно, се добива зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг