Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември, пишуваат медиуми

Макфакс

18/11/2024

12:59

229

Големина на фонт

а а а

Германија од декември ќе почне да и снабдува на Украина 4.000 високотехнолошки беспилотни летала контролирани од вештачка интелигенција (АИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и на истокот на Украина, објавија денеска германските и украинските медиуми.

Германската компанија Хелсинг, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дронови, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе започне „веднаш“, пренесува агенцијата Укринформ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг