Бурно беше на мерењето во пресрет на борбата помеѓу Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол, а откако Мајк му удри шлаканица на ривалот,се појави снимка која открива зошто го направил тоа.
Тајсон и Пол стоеја лице в лице кога 58 годишникот му удри шлаканица на 31 година помладиот јутјубер, и тоа бидејќи му навлегол во личниот простор и како што вели Мајк го згазнал на стапалото.
Jake Paul really got slapped because he stepped on Mike Tyson’s foot 💀pic.twitter.com/fBT1rti405
— Happy Punch (@HappyPunch) November 15, 2024
Дека Тајсон ја кажува вистината покажа и снимката која се појави на социјалните мрежи, а на која јасно се гледа дека Пол намерно го згазнал Мајк на стапалото, по што поранешниот светски шампион бурно реагираше и му удри шлаканица.
Потоа следуваа вербални закани, а разбеснетиот Пол својот гнев го покажа пред сите велејќи дека сега „Тајсон мора да умре“.
Потсетуваме, борбата помеѓу Тајсон и Пол во Арлингтон, Тексас, ноќта петокот кон саботата ќе ја пренесува Нетфликс.