Еден од најуспешните украински пливачи тешко повреден на првата борбена линија

Точка

28/06/2025

10:37

1.251

Големина на фонт

а а а

Еден од најуспешните украински пливачи, Игор Червински, бил тешко повреден за време на борбена мисија на првата линија на фронтот, потврди Пливачката федерација на Украина.

Според достапните информации, Червински бил погоден од муниција испалена од руски дрон.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа како Червински лежи во болнички кревет со тешки повреди. Двете нозе му се во завои, а на левата нога има метален фиксатор.

Украинскиот тренер и поранешен олимписки учесник, Сергеј Фонсеко, нагласи дека Червински бил директно изложен на сериозни опасности на првата борбена линија.

Червински е повеќекратен освојувач на европски и светски медали. На Светското првенство во 2003 година во Барселона освои сребрен медал на 1.500 метри слободно и бронзен на 800 метри.


Исто така, е двократен европски шампион во дисциплината 1.500 метри слободно (1999 и 2000), трикратен европски јуниорски шампион, како и освојувач на три златни медали на Универзијадата. На Светското првенство во пливање во кратки базени во 2000 година, освои сребро.